Реал Мадрид со пресврт во второто полувреме стигна до важна победа (1-2) на гости против Лас Палмас. Сега „кралевите“ се лидери на табелата со 54 бода, два повеќе од Џирона која утре гостува кај Селта во Виго.

Лас Палмас го изненади Реал со погодокот во 53.минута што го постигна Хавиер Муњоз. Сепак, „кралевите“ реагираа енергично и израмнија со голот на Винисиус Жуниор во 65.минута.

Победничкиот гол беше дело на Аурелиен Чуамени во 84.минута. Тој со удар со глава по корнерот од десната страна успеа да ја затресе мрежата на домаќинот.