Екипата на Штутгарт продолжува со одличните игри во Бундеслигата. На домашен терен во 19. коло славеше над РБ Лајпциг со убедливи 5-2 (2-1).

Милио и Ундав беа стрелци за Штутгарт во првиот дел, додека Шешко на спротивната страна намали на 2-1.Лајпциг тргна поконкретно на стартот од вторите 45 минути и малку повеќе се отвори, а тоа го искористи домашниот тим и успеа до крајот да ја завери убедливата победа. Неверојатниот Ченгиз Ундав постигна уште два гола и запиша „хет-трик“, а во листата на стрелците се запиша и Џејми Левелин

Лоис Опенда беше единствен стрелец кај гостинскиот тим во вториот дел и постигна прекрасен погодок, но Штутгарт на крајот извојува многу важна и убедлива победа со конечни 5-2. Нашиот Ељиф Елмас доби за нијанса поголема минутажа во споредба со првите два меча и влезе на теренот во 77. минута. Лајпциг останува четвртопласиран со 33 бода, додека Штутгарт сега му „побегна“ на ривалот и има четири бода повеќе.

На останатите натпревари, Баерн Минхен славеше важна победа со 2-3 на гостувањето кај Аугзбург, Вердер Бремен со 3-1 го совлада ФрајбургХофенхајм и Хајденхајм ремизираа 1-1, а

со 1-1 заврши и дуелот меѓу Волфсбург и Келн.

.