Ракометната селекција на Македонија, на денешната ждрепка, што се одржа во Келн, за ривал во баражот за СП ја добија незгодната селекција на Фарски Острови.
Фараните годинава дебитираа на големите ракометни собири и со својот начин на игра, но и досциплината и професионалноста ја одушевија спорската јавност. На трите одиграни натпревари во првата групна фаза Фарски Острови одигра нерешено со големата Норвешка, и извојува тесни порази од силните Словенија и Полска.
Македонија беше во групата на привилигирани репрезентација, а Фарските Острови беа една од селекциите кои не ги посакувавме.
Немавме многу среќа во ждрепката и ја добивме селекцијата која беше едно од најпријатните изненадувања на Европското првенство во Германија.
Македонија уште по завршувањето на групната фаза остана класифицирана на седумнаесеттата позиција на првенството.
Победата над Швајцарците на последното Европско првенство ни донесе привилегирано место. Дуелите од баражот во периодот меѓу 8 и 12 мај. Македонија бидејќи беше носител на ждрепката вториот натпревар ќе го одигра пред својата публика.