Талентираниот лев бек на Барселона, Алехандро Балде, треба да оди на операција и оваа сезона за него е завршена. Каталонскиот клуб преку официјално соопштение потврди дека Балде патува во Финска на операција, по што ќе следи пауза од неколку месеци.
Балде треба целосно да ја залечи повредата и да биде подготвен за стартот на летните подготовки за сезоната 2024/25.
Сепак, голем проблем е што Чави нема адекватна замена во моментов. Сега тука е Жоао Кансело, кој често играше како лев бек во Манчестер Сити, додека Чави го тестираше само еднаш на таа позиција.
Тука е и младиот Хектор Форт, кој одлично се претстави во Билбао и покрај поразот во Купот на кралот. Чави повторно ќе мора да се потпре на кадрите од „Ла Масија“.
Гави исто така е надвор од терените до крајот на сезоната, додека Марк-Андре Тер-Штеген и Ињиго Мартинез се очекува да се вратат околу 10 февруари.