Бразилскиот напаѓач Витор Роке пристигна во Барселона како огромно засилување од Атлетико Минеиро за 40 милиони евра. Сепак, во недостиг на минутажа тој не се покажа во најдобро светло и сега замина од Каталонија.
Иако клубот бараше начин за перманентен трансфер, не успеа во својата намера. Роке се сели на едногодишна позајмица во редовите на Бетис. Покрај тоа, во договорот има опција за продолжување на позајмицата на уште една сезона, а исто така Бетис има можност и да го откупи фудбалерот.
19-годишниот Роке ќе се обиде да ја врати формата која го красеше во Бразил. Минатата сезона во Барселона одигра 16 натпревари и постигна два гола откако пристигна во јануари.