Впечатокот по мечот е дека Канада има за што да жали бидејќи имаше шанси за гол, а една од најсериозните беше во 11. минута кога талентираниот Алфонсо Дејвис застана очи во очи со голманот на Белгија, Тибо Куртоа, но сепак подобар при изведување на пеналот беше искусниот чувар на мрежата.
Белгија покажа дека знае како да ги казни грешките и невниманието на противникот, па така една прекрасна топка во 44. минута доби Миши Батшуаи, кој рутински ја затресе мрежата на Борјан за водство од 1-0.
Во второто полувреме се намали интензитетот на нападите на Канада, која почна да го губи здивот и не успеа да го совлада Куртоа до крајот на мечот, па така Белгија освои три бода .
Белгија има три бода, по што следат Хрватска и Мароко со по еден бод, додека Канада е без бодови.