Волфсбург и Вердер Бремен понудија супер-интересен натпревар во седмото коло од Бундеслигата кој заврши со победа на гостинскиот тим од 2-4.
„Волците“ пред својата публика важеа за благи фаворити на хартија, но потфрлија. Волфсбург поведе прв преку Томас во 19. минута, но потоа ривалот постигна четири гола во низа и направи пресврт за победа. Прво пред паузата Вајсер израмни на 1-1, а во вториот дел реализираа Агу, Дукш и Грул, за 1-4. Почесниот гол за домашните потоа го даде Маеле.
Екипата на Унион Берлин како гостин победи кај Холштајн Кил (0-2) и останува меѓу најдобрите екипи во Бундеслигата. Тимот е петтопласиран и најавува битка за Европа, а до трите бода дојде со головите на Кемлајн во 18. и Роте во 89. минута од дуелот.