Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски го постигна третиот гол оваа сезона во Хрватската прва лига.
Крилниот напаѓач донесе водство за својот тим, на средбата меѓу неговиот Вараждин и Горица пред домашната публика. Митровски добро ја следеше акцијата по левата страна, се уфрли и налета на топка од Мамиќ претворајќи ја во гол за 1-0.
За Митровски ова е трет гол во сезоната за Вараждин, откако претходно беше стрелец против Локомотива и Хајдук.