Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо ќе може утре да дебитира во дресот на Барселона против Рајо Ваљекано откако каталонскиот клуб денеска ги заврши сите процедури околу неговата регистрација.
Барса мораше да се ослободи од уште двајца фудбалери, покрај Гундоган кој се врати во Манчестер Сити, за да обезбеди средства во буџетот и да не ги прекрши правилата околу финансискиот ферплеј. Во текот на денешниот ден, Ленгле беше испратен на позајмица во Атлетико, а Роке во Бетис и со тоа завршија сите дилеми околу тоа дали Олмо ќе биде регистриран.
Ла Лига конечно ја потврди регистрацијата на Дани Олмо од Барселона, што значи дека тој сега може да игра за тимот. Веста ја објавија неколку медиуми во Шпанија.
Целиот процес се одложи поради тоа што клубот немаше доволно слободни средства во буџетот за плати.
На крајот, денеска беа објавени излезни трансфери на Клемен Лангле (на позајмица во Атлетико Мадрид) и Витор Роке (на појзамица во Бетис) кои го олеснија процесот, но клучна се покажа повредата на Андреас Кристенсен.
Данскиот репрезентативец ќе биде надвор од терените околу два месеци, што според правилата на Ла Лига автоматски ја исклучува неговата плата од сметките.
Олмо официјално стана играч на Барселона на 9 август кога потпиша договор до 2030 година, а се враќа во клубот точно 10 години откако го напушти Б-тимот и се пресели во Динамо Загреб. Неговото присуство ќе биде од огромно значење на дуелот против тимот кого Барса го нема победено на негов терен од 2018 година.