Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, синоќа дебитира во дресот на шпанскиот тим Џирона, добивајќи шанса по еден час игра на гости кај Атлетико Мадрид, која сосема добро ја искористи.
Неговото влегување ги размрда редовите на составот што лани беше најпријатно изненадување во европскиот фудбал, па набрзо влезе во две гол-шанси. Првата беше во 67. минута кога неговиот удар беше блокиран од противнички дефанзивец, додека втората беше две минута подоцна, кога од петнаесетина метри имаше отворен пат за шут.
Но, за жал на Миовски, на голот на Атлетико беше одличниот Јан Облак, кој без проблеми му ја одбрани топката и го спречи да има деби од соништата со важен гол за својата екипа.
шансата на Миовски е во 69. минута од натпреварот