Грција победи во меч во четири сета со 3-1 (25-15, 18-25, 23-25, 20-25). Натпреварот Македонија го започна фуриозно и првиот сет го добивме со убедливи 25-15.

Но, во тој прв сет ја видовме и најдобрата игра на Македонија која во продолжение не успеавме да ја повториме. Грција со 25-18 изедначи, а третиот сет донесе најнеизвесна игра.

Грција одново подобро започна, но по 14-18 за Грците ние успеавме да направиме серија од 5-0 со која целосно се вративме во сетот и поведевме со 19-18. До крајот на сетот гледавме изедначена борба во која Грција за жал беше подобрата селекција со 25-23.

Во последниот сет имавме добри моменти, меѓутоа тие не беа доволни за да дојдеме до петти сет, Грција го доби сетот со 20-25 за конечен триумф.

Шансите за пласман на четвртото во низа Европско првенство за Македонија не се загубени, но ќе треба да почекаме на исходот на натпреварите кои се играат во август идната година.