Рома беше шокантно изненадена откако на „Олимпико“ загуби од Емполи со 1-2. Тоа е прв триумф за гостите во историјата против Рома во „вечниот град“.

https://twitter.com/i/status/1827793437933916499

Емануел Џиаси во 45.минута го доведе Емполи во водство, а Лоренцо Коломбо од пенал зголеми на 0-2 во 61.минута. Рома успеа да намали преку Шомородов во 80.минута, но тоа беше се од римјаните на овој дуел.

https://twitter.com/i/status/1827804289437401338

Наполи за разлика од првото коло изгледаше многу подобро на теренот и заслужено ја победи Болоња која со заминувањето на Мота и некои од најважните играчи од минатата сезона повеќе не истата екипа.

Екипата на Наполи конечно заигра според желбите на Антонио Конте и со 3-0 ја победи Болоња. Џовани Ди Лоренцо го отвори резултатот, а Кварацкелија во 75.минута зголеми на 2-0, а третиот гол го постигна Симеоне во судиското продолжение.