Екипата на Интер Мајами и без повредениот Лионел Меси успеа да оствари победа над Ди-Си Јунајтед од 3-1 на средбата која  се одигра во МЛС лигата.
Гостинскиот тренер започна со комбиниран тим на оваа пресметка, поточно најголемата ѕвезда во почетната постава беше Серхио Бускетс.
Домаќините први постигнаа гол, но гостите возвратија преку Кампана во 24 за 1-1, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел влезе уругвајскиот голгетер Луис Суарез и ја направи клучната разлика, постигна два голови во 72 и 85 минута со што за издвојување е вториот кога мајсторски го лобуваше голманот Боно кој дефинитивно можеше подобро да реагира во оваа ситуација.
https://twitter.com/i/status/1769091468491170111
https://twitter.com/i/status/1769092290633773501