Даниел Малдини не може да се избори за место во екипата на Милан и мора да бара минутажа во други клубови, а откако не се изнаигра во Емполи, во јануари реши да ја засили Монца.

Младиот офанзивен играч за врска постигна два гола на првите неколку меча како член на Монца, но сега го постигна убедливо најубавиот гол во својата кариера и донесе водство за својот тим против Калјари.
Синот на легендарниот Паоло испрати неодбранлив удар и навистина интересно е што топката не заврши во мрежата, но беше доволно тоа што заврши зад гол линијата пред да излезе од рамките на истиот.

Фантастичната техника која ја презентираше Малдини е само доказ за потенцијалот кој го поседува, а со оглед на формата во која игра во последно време, не се исклучува можноста да остане во Монца и подолго време.

Голот на Малдини погледнете го ТУКА