Александер Тапон за време на еден меч од пониските лиги во Аргентина, крвнички го претепа судијата Кристијан Ариел Паниања. Арбитарот покажа жолт картон на еден соиграч на Тапон, а 24-годишниот фудбалер неочекувано го нападна судијата и буквално го нокаутира. Два пати го удри со бокс во лице, а потоа го „финишираше“ со клоца во вратот. Потоа мирно си замина од теренот. Тој инцидент може да го видите ТУКА.
По тој инцидент, фудбалерот бил под голем притисок, а сестрата на починатиот фудбалер откри загрижувачки податоци.
„Судијата му се јави и му бараше 300.000 пезоси (околу 1.000 евра). Брат ми ги немаше тие пари и не можеше да го издржи тој притисок кој траеше цел ден. Дури се согласи пред ТВ камерите да се извини за тоа што го направи. Сите тоа го очекуваа“, открива Марисол, сестрата на Вилијам.
Таа вели дека постојат и аудио снимки дека постоела уцена, но никој тоа не го истражува. Фудбалерот кој си го одзема животот имаше жена и четири деца, а и претходно бил осудуван за криминални дела.