На баварците им беа потребни само шест минути за Џамал Мусиала да ја затресе мрежата на гостите и да донесе водство од 1-0, по што во 10. минута Вердер се враќа во игра и преку Ентони Јунг израмни на 1-1 по одлична акција на гостинската екипа.
Баерн доби нова шанса за водство, откако беше досуден пенал, но Ерик Максим Чупо-Мотинг не го искористи, но тоа како да ги мотивира неговите соиграчи да притиснат кон голот на гостите, па за само шест минути постигнаа три гола, и тоа преку Гнабри, Горецка и Сане.
Баварцитеупорно го напаѓаа голот на Вердер и во второто полувреме, но сепак двата погодоци ги постигнаа дури во завршницата на мечот, откако Гнабри доби одлична асистенција и го комплетираше хет-трикот, а подоцна Матис Тел ја испрати топката во десниот агол на голот за конечни 6-1.
Баерн Минхен е прв на табелата со 31 бод, односно четири повеќе од Фрајбург, пет од Унион Берлин и шест бода повеќе од Борусија Дортмунд.
На останатите натпревари Бохум ја совлада Борусија Менхенгладбах со 2-1, а Штутгарт со гол во судиско надополнување (2-1) ја победи Херта.