Наполи се искачи на врвот на табелата откако на „Олимпико“ во Рим со 2:1 го совлада Лацио во 27.коло на Серија А.
Македонскиот репрезентативец Елмас не беше стартер и влезе во 57. минута при резултат 0:0.
Првиот гол за Наполи го постигна Лоренцо Инсиње и тоа откако Елмас му ја намести топката на седумнаесеттина метри од голот на противникот.
Тоа се случи во 62. минута кога Наполи притисна на половината на Лацио, украде топка, Елмас ја проследи до Инсиње кој со шут од далечина го совлада Стракоша.
Инсиње погоди и во 69. минута меѓутоа тој погодок беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд.
Во 88 минута Наполи прими гол. Тоа беше одбиена топка после слободен удар, а Педро ја „закачи“ со волеј и ја смести во голот на Наполи. Домашните уште се радуваа кога ги полеа студен туш. Фабијан Руиз погоди во 90. минута и ја донесе победата за Наполи.
Наполи е прв на табелата со 57 бода исто колку и вториот Интер, а Лацио е на шестото место со 43 бода.