Реал Мадрид го испрати Леванте во втората лига со победата од 6:0 во 36. коло од Ла Лига. Лука Модриќ брилјираше со три асистенции во првото полувреме. Модриќ на тој начин го достигна остварувањето на Лионел Меси. Модриќ успеа да направи три асистенции на натпревар од една од најсилните лиги. Последен пат тоа го направил Меси пред 2 години.

Тој им намести голови на Менди, Родриго и Винисиус Јуниор.

Модриќ играше до 75. минута, а потоа беше заменет од Петер Гонзалес. Со овој хет-трик на асистенции, хрватскиот капитен стана првиот играч оваа сезона во Ла Лига на кој тоа му успеало. Модриќ оваа сезона за Реал има 12 асистенции во сите натпреварувања.