Пред самиот крај на првото полувреме се случи шоу на Луис Суарез, од 41. до првата минута од судиското надополнување фудбалерот постигна три гола.
Како да тоа не е доволно лудо, па стои и фактот дека асистент на сите три погодоци е Рамазани.
Алмерија сепак се потруди за ново лудило и во второто полувреме успеа да ја прокоцка оваа огромна предност од три гола, Гранада со головите на Зарагоза, Санчез и Узуни дојде до реми од 3-3. Гостите дури промашија и пенал и пропуштија да направат целосен пресврт и да дојдат до триумф.