Португалската звезда Кристијано Роналдо ги постигна првите голови во Саудиска Арабија и тоа два на првата средба по подолг период со вечниот ривал Лионел Меси, кој исто така е стрелец на ревијален меч меѓу фудбалските ѕвезди на Ал Хилал и Ал-Наср против Пари Сен Жермен.

Прв погоди Меси во третата минута по одличната асистенција на Нејмар.

 

Роналдо кој се уште не дебитирал за новиот клуб Ал-Наср во првенството на Саудиска Арабија, сепак го даде првиот гол во новата епизода од својата кариера во оваа земја и тоа од пенал во 34. минута.

Резултатот по првото полувреме е 2:2, гол даде и Маркињос за ПСЖ, потоа Нејмар промаши пенал, а Роналдо израмни во меч на кој Светците останаа со 10 фудбалери по исклучувањето на Бернат.