Фудбалерите на Аталанта од Бергамо продолжуваат со канонада од голови и како да не знаат за доста.До пред неколку денови со 8:2 ја наполнија мрежата на Салернитана во меч од Серија А, денес со 5:2 славеа против Специја во Купот на Италија со што се пласираа во 1/4 финале на ова натпреварување.

На двапати Лукман, по еднаш Хојлунд и Хатебоер а автогол си даде Ампаду беа стрелци за Аталанта. Додека Екдал и Верде погодија за Специја.