Енди Мареј, некогашен број еден тенисер на АТП одигра епски меч и после безмалку шест часа успеа да обезбеди следна рунда на Австралија опен.
Мареј имаше два сета негатива, по што следеше епски пресврт по пет часа и 45 минути, пресметка која заврши длабоко во раните утрински часови по австралиско време против Танаси Кокинакис.
Кокинакис имаше 6-4, 7-6 по првите два сета, а потоа дојде камбекот на Мареј со тајбрејк за да остане жив во мечот со 7-6, па нешто поубедлив триумф во следниот четврти сет кој го доби со 6-3, за на крај после 12 гема со 7-5 да слави на мечот.
Мареј има 35 години и одамна не е конкурентен за највисок пласман поради големите проблеми со колкот и моментно сѐ уште игра со вештачки колк.