Реал Мадрид се пласира во финалето на Суперкупот на Шпанија, после триумфот над Валенсија  дури по изведување на пенали.

Шампионот на Шпанија дојде во водство со голот на Карим Бензема во 39. мин. а изедначи на  почетокот на второто полувреме со голот на  Лино. Натпреварот се одигра во Ријад, С.Арабија

Во продолжението немаше голови ,па по изведување на пеналите подобар беше кралскиот клуб , со што обезбеди финале во шпанскиот Супер куп.  Противник ќе им биде победникот од дуелот меѓу Барселона и Бетис, што се игра денес.