Македонската ракометна репрезентација ќе има огромна поддршка од бројни македонски навивачи на Светското првенство во Полска, зашто Фалангата веќе тргна на пат кон Краков, Полска, каде избраниците на Кире Лазаров ќе играат во групата од првата фаза на Мундијалот.
Македонската Фаланга како и обично не пропушта голем настан на ракометната репрезентација, па стотици навивачи во црвено-жолто се очекуваат на трибините во Краков. Дел од навивачите веќе тргнуваат на пат кон Полска, каде во петок навечер против еден од фаворитите на турнирот Норвешка го отвораме овој шампионат во мечот од 20.30 часот. Утре тргнува и главниот ешалон на македонската фаланга со организиран превоз од повеќе автобуси од Македонија, но и од европската дијаспора.
Тоа што е сигурно е дека и Краков ќе гори и ќе биде обоен во црвено-жолто.