Бразилскиот Атлетико Минеиро е првиот финалист на Копа Либертадорес, бидејќи ја сочува предноста од свој терен (3-0) и на преполниот „Монументал“, иако во спектакуларна атмосфера, одиграа без голови против Ривер Плата.

Аргентинскиот тим имаше негатива од три гола, домашните навивачи направија прекрасна атмосфера верувајќи во пресврт, но тоа не се случи, иако фудбалерите на Ривер Плата упатија дури 35 удари кон противничкиот гол.

 

Четата на Марсело Гаљардо, кој на Ривер веќе му донесе два трофеи во ова натпреварување во 2015 и 2018 година, тргна на сè или ништо од самиот почеток. Сепак, тимот предводен од поранешниот ас на Барселона Габриел Милито успеа да ја зачува предноста и сега има можност по вторпат да стане континентален шампион, по 2013 година.

Во финалето Атлетико го чека подобриот од дуелот Пењарол – Ботафого а најверојатно е дека тоа ќе биде Ботафого, кој во првиот меч како домаќин победи со 5-0.