Легендарниот парагвајски фудбалер, Оскар Кардосо, има 39 години но и понатака игра активно во својата земја, и тоа со успех, и често покажува дека е голем мајстор.

Ексѕвездата на Бенфика, каде што за седум сезони даде 112 гола, сега игра за Либертад, редовно тресе мрежи, прв стрелец е во лигата со 9 погодоци во 13 кола и го води својот тим кон титула. На дуелот со Ресистенсија, Кардозо даде неверојатен гол од слободен удар.

Голманот долго го местеше живиот ѕид, а 39-годишниот Кардосо без да земе залет, ја шутна топката, го префрли живиот ѕид и погоди во горниот агол.

Погледнете: