на уПродолжува битката во Лига на шампиони (ЛШ), а сè уште ништо не е решено во двата натпревари кои се на програмата од 21 часот. Челси го пречекува Реал Мадрид во невозможна мисија против кралскиот клуб Реал Мадрид, ќе брка негатива од два гола (0-2) од првиот натпревар, додека Милан му гостува на Наполи и ќе се обиде да ја зачува предноста од 1-0 од „Сан Сиро“.
На Челси ќе му треба вистинско чудо за да го елиминира „кралскиот клуб“, затоа што екипата игра ужасно лошо во изминатиот период, а ништо не се промени на подобро ниту по враќањето на тренерот Франк Лампард на кормилото на „сините“.
Реал Мадрид во првиот натпревар славеше со 2-0, но можеше да има уште поубедлива предност затоа што беше подобар противник на теренот од катастрофалниот Челси.
Лампард ќе може да смета на сите фудбалери вечерва, освен на Бен Чилвел, но најголем проблем на премиерлигашот повторно ќе биде нападот, додека за „кралевите“ единствен проблем ќе биде Ферланд Менди кој е повреден, па засега не е познато кој ќе игра на таа позиција.
Наполи е на праг да ја обезбеди титулата во Серија А затоа што игра неверојатно, меѓутоа загуби во првиот дуел од Милан со 0-1, па сега избраниците на Лучано Спалети ќе имаат 90 минути за да го „нокаутираат“ нивниот ривал.
Спалети поради жолти картони не може да смета на Замбо-Ангиса и Ким, па во првиот состав се очекува да настапат Жуан Жесус и Станислав Лоботка.
Милан во изминатиот период играше добро против екипата од Неапол, па освен победата од 1-0 во првиот четвртфинален меч од ЛШ, „росонерите“ триумфираа и во Серија А со убедливи 4-0, па ова им дава надеж дека можат да изборат полуфинале во елитното натпреварување.
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека нема да се бранат во Неапол, иако на теренот се враќа Виктор Осимен.
„Осимен е неверојатен напаѓач, но ќе направиме грешка ако се браниме во Неапол. Тие долго време немаат загубено меч на домашен терен во Лигата на шампиони“, кажа Пиоли.