Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски имаше одличен настап за Данди јунајтед во победата од 3-0 над Рос Каунти во шкотското првенство.

Бабунски кој веднаш ја доби и капитенската лента во Данди, беше стартер на натпреварот и во игра беше до 88 минута кога беше изваден.

Данди славеше со 3-0, овој триумф дојде по серија од три меча без победа.

Бабунски беше асистент за вториот гол кој беше дело на Далби.

Вториот Македонец во Данди јунајтед, Трапановски не настапи поради повреда, таа е причината што нема да игра и за Македонија на наредните натпревари во Лига на нации.

https://twitter.com/i/status/1855286743165268037