Барселона победи со 1-0 на гостувањето кај Мајорка во натпревар од 19. коло во Ла Лига. Лук де Јонг погоди во 44. минута. Голем херој, сепак, беше голманот Марк Андре тер Штеген, кој со неверојатна одбрана во последните минути од мечот ги зачува трите бода за Каталонците. Победата ја стави Барса на петтото место на табелата.
Во 44. минута Барселона конечно ја отвори вратата за Мајорка. Долгиот центаршут на Мингеса од десната страна ја затекна одбраната на домаќините неподготвена, а силниот Лук де Јонг се издигна над сите и погоди за 0:1. За Холанѓанецот ова беше само втор гол за Барса – немаше постигнато од септември, кога го постигна деби голот за „блауграна“.
Во последните минути од натпреварот, домаќините го притиснаа противникот и испуштија зицер и можност за израмнување.