Вчерашниот пораз на домашен терен од екипата на Арсенал со 4:1 ја прели чашата на незадоволство кај фановите на Лидс Јунајтед.
Тимот на Биелса остана на само три победи од почетокот на сезоната и сега е во долниот дел од табелата на 16. место. Навивачите почнаа да негодуваат, а многумина веќе почнаа да прават споредби со тимот кој Лидс го имаше минатата сезона, но не успеа да го зачува.
Особено коментиран е македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски кој минатата сезона настапи на 36 натпревари.
“Зошто го пуштивме Алиоски да си оди”, вели еден од коментарите на навивачите.
„Многумина го критикуваа, но Алиоски кога играше на својата природна позиција, никогаш не даде помалку од 100% од своите можности. Колку само недостасува“, вели еден друг фан на Лидс Јунајтед.
https://twitter.com/_aliandro_0o/status/1472476494874263554?s=20