Италијанската скијачка Софија Гоџа победи на трката во супервелеслалом, која во рамките на Светскиот куп се возеше во Вал д’Изер.
Таа до победата дојде со време од 1:19,23 минути, а ова е нејзина втора последователна победа, по саботниот спуст.
Второто место го зазеде Норвежанката Рагнхилд Мовинкел со заостанување од 0,33 секунди, додека третото место го зазеде уште една Италијанка, Елена Куртони со заостанување од 0,51 секунда зад победничката.
На четвртата позиција се најде уште една натпреварувачка од Италија, Федерика Брињоне, која заостана 0,01 секунда од третопласираната, а Американката Микаела Шифрин на петтото место (0,75).
Во генералниот пласман за Светското куп води Гоџа со 635 бодови, Шифрин е втора со 570, додека на третото место е Словачката Петра Влхова со 340 бодови.
Во пласманот на суперџи води Гоџа со 320 поени, втора е Брињоне со 227, а трета Куртони со 216 поени.
Скијачите го продолжуваат натпреварувањето во Светскиот куп во Куршевел, Франција, каде на програмата се велеслаломските трки на 21 и 22 декември.