Норвежанецот Мариус Линдвик е победник на натпреварувањето во Светскиот куп во ски скокови што се одржа во саботата во Бишофсхофен, тој стигна до четвртата победа во кариерата со скокови од 133,5 и 139,0 метри што му донесе 291,7 бодови.
По првата серија Линдвик беше четврти, но во втората серија го направи убедливо најдобриот скок и на крајот славеше со 4,0 поени повеќе од второпласираниот сонародник Халвор Егнер Гранеруд (133,5 и 136,0 м.) и 6,0 поени повеќе од третопласираниот Австриец Јан Хоерл (131,5 и 137,5 м).
Победникот на новогодишната турнеја, која заврши со две натпревари во Бишофсхофен во средата и четвртокот, Јапонецот Риоју Кобајаши, во саботата заврши четврти со 282,3 поени (135,0 и 133,5 метри), додека лидер по првата серија беше Австриецот Филип Ашенвалд , кој на крајот стигна до петтото место со 280,8 бодови (139,0 и 131,5 м).
Кобајаши го задржа водството во генералниот пласман на Светскиот куп со 891 бод, второпласираниот Германец Карл Гајгер има 817, а третопласираниот Гранеруд 693.
РЕЗУЛТАТИ:
1. Мариус Линдвик (Нор) 291,7 (133,5 / 139,0 м.)
2. Халвор Егнер Гранеруд (Нор) 287,7 (133,5 / 136,0)
3. Јан Хоерл (Австрија) 285,7 (131,5 / 137,5)
4. Риоју Кобајаши (Јапонија) 282,3 (135,0 / 133,5)
5. Филип Ашенвалд (Австрија) 280,8 (139,0 / 131,5)
6. Даниел Хубер (Австрија) 279,5 (133,0 / 135,0)
7. Пјотр Зила (Полска) 278,8 (137,0 / 132,5)
8. Карл Гајгер (Гер) 275,1 (132,0 / 132,0)
9. Јукија Сато (Јапонија) 271,1 (132,0 / 131,5)
10. Даниел Цофениг (Австрија) 271,0 (133,5 / 130,0)
ПОРЕДОК НА СВЕТСКИОТ КУП:
1. Риоју Кобајаши (Јапонија) 891
2. Карл Гајгер (Гер) 817 г
3. Халвор Егнер Гранеруд (Нор) 693
4. Мариус Линдвик (Нор) 643
5. Маркус Ајзенбихлер (Германија) 472
6. Јан Хоерл (Австрија) 440
7. Анже Ланишек (Сло) 421
8. Стефан Крафт (Aвстрија) 409
9. Роберт Јохансон (Нор) 369
10. Килијан Пејер (Швајцарија) 356