Ситуацијата со пандемијата на коронавирус може да доведе до прекин на сезоната во Евролигата.
Во понеделник ќе се сретнат челниците на клубовите со повеќегодишна лиценца за учество на континенталното натпреварување (од нив 13) за да разговараат за следните чекори.
Една од темите ќе биде и намалувањето на периодот на изолација, кој во моментов е 14 дена. Проблемот е што тимови од различни земји играат во Евролигата, каде што прашањето е различно регулирано.
Друга тема е прекинот на сезоната на неколку недели.
Во моментов Барселона е на врвот со победа повеќе од Реал.