Голден Стејт Вориорс израмни на 2-2 во серијата против Бостон Селтикс. Во четвртиот натпревар Вориорс беа подобри во Бостон со 107:97 .
Иако под голем притисок, Вориорс успеаја да слават во Бостон и да израмнат на 2-2 во серијата. Знаеја што значи пораз и колку е тешко да се вратат од негатива од 3-1, но без разлика на притисокот под кој се најдоа, успеаја да стигнат до победа.
Стеф Кари беше човек на одлука, во еден од неговите најдобри натпревари во плејофот беше незапирлив. Од самиот старт беше максимално мотивиран, откако пред само два дена во еден момент беше под знак прашалник дали воопшто ќе го игра овој натпревар поради повреда.
Вориорс дојдоа до победа која може да се покаже клучна, Бостон имаше своја шанса, но на крајот сепак не издржа.
Решавачка беше серијата на Голден Стејт од 10:0, која им донесе водство од 100:94, по што гостите мирно го приведоа дуелот до крај. Дотогаш се беше отворено, се играше целосно изедначено, но по таа серија Бостон не се врати.
https://twitter.com/nbastats/status/1535510211938594816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1535510211938594816%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportnet.hr%2Fvijesti%2F564160%2Fkosarka-nba%2Fbriljantni-stephen-curry-vodio-warriorse-do-pobjede-u-bostonu-i-poravnanja-na-2-2%2F
„Срцето на Стеф е огромно, малку е неверојатно сè ова што прави. Не носеше на грб, мораме да му помогнеме во понеделник“, рече Клеј Томпсон ,
Кари го заврши натпреварот со 43 поени и десет скока (7/14 тројки), Томпсон додаде 18 поени, а Ендрју Вигинс 17 со 16 скока.
Кај Бостон Џејсон Тејтум постигна 23 поени со 11 скока и шест асистенции, а Џејлен Браун 21 поен со шест скока.
Финале на плејофот:
Бостон Селтикс – Голден Стејт Вориорс 97: 107 (2-2)