Најголемите шпански фудбалски тимови Реал Мадрид и Барселона ќе се сретнат во Лас Вегас на 23 јули во пријателски натпревар.

Еден вид летно „Ел Класико“ ќе се одигра на стадионот Алиџент, каде своите натпревари ги игра НФЛ тимот на Лас Вегас Рајдерс.

Реал и Барселона веќе се сретнаа на американско тло пред пет години како дел од Интернационалниот куп на шампиони.

Барселона тогаш славеше во Мајами со 3:2.