Шпанската фудбалска репрезентација славеше со 2-1 против домаќинот Германија во четвртфиналето на Европското првенство (ЕП), а тоа официјално беше и последен меч во кариерата за Тони Крос.

Мечот почна со тешка повреда на Педри по дуелот со Крос, а мрежите мируваа до крајот на првите 45 минути. Резултатот го отвори човекот кој влезе на местото на Педри, а тоа е Дани Олмо по асистенцијата на Ламин Јамал.

Водството на „црвената фурија“ траеше сè до 89. минута кога Флоријан Вирц погоди за 1-1 и обезбеди продолженија за Германија.

Германија напаѓаше во продолженијата, а во 105. минута се случи контроверзна ситуација кога Марк Кукуреља играше со рака, а судијата Ентони Тејлор не покажа на белата точка.

Шпанија притисна во второто продолжение, а голот за победа го постигна Микел Мерино во 119. минута од средбата.

https://twitter.com/i/status/1809294146022056170