Фудбалерите на Пари Сен Жермен спречија тепачка меѓу клупските колеги Нејмар и Џанлуиџи Донарума.
ПСЖ беше поразен во Мадрид (3:1) и беше елиминиран од Лигата на шампионите во осминафиналето.
По натпреварот првиот човек на Париз, Насер Ал Келаифи упадна во судиската соблекувална и им се закануваше на судиите и на делегатот, а ништо подобро не беше во соблекувалната на францускиот тим.
Според „Марка“, Нејмар и Донарума се најдоа во клинч.
Бразилецот му замери на голманот за големата грешка при првиот гол, кога ја загуби топката и му дозволи на Реал да израмни.
Без приговори не останал ниту Донарума, кој го обвинил Нејмар за губењето на топката, по што ПСЖ го прими вториот гол.
Поради кавгата за малку ќе дојдело до тепачка помеѓу Нејмар и Донарума, а соиграчите едвај го спречиле тоа.
Целосен распад во Париз.