Мохамед Салаџ го посака Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, откако неговиот Ливерпул во вторникот го исфрли Виљареал во полуфиналето. Желбата му се исполни бидејќи Реал Мадрид се проби со нов чудесен пресврт над Манчестер Сити.
Салах се огласи на социјалните мрежи веднаш откако Реал влезе во финалето. „Имаме некои сметки за расчистување“, напиша тој.
Салах мислеше на финалето на Лигата на шампионите во 2018 година, кога Реал Мадрид славеше против Ливерпул со 3:1 во Киев. Салах беше принуден да го напушти теренот во 30. минута по грубиот старт на тогашниот капитен на Реал, Серхио Рамос, а во финалето со катастрофални реакции се истакна голманот на Ливерпул, Лорис Кариус.
Рио Фердинанд е воодушевен од односот на Салах. “Ми се допаѓа. Тој е искрен и директен. Тој има незавршена работа со Реал. Мораше да излезе тогаш поради стартот на Рамос. Се уште го боли тој пораз и реванш. Нека му е со среќа“, изјави Англичанецот.