РБ Лајпциг и Баерн Минхен  ремизираа играјќи 1-1 на премиерата од вториот дел од сезоната во Бундес-лигата. Баварците сега имаат пет бода предност на врвот на табелата пред Фрајбург кој има и натпревар помалку.

Лајпциг е на третата позиција со 29 бода.

Ерик Максим Чупо Мотинг му донесе водство на Баерн Минхен со гол во 37.минута. Сепак, Лајпциг успеа да изедначи на почетокот на второто полувреме.

Марсел Халстенберг во 52.минута успеа да го надмудри Јан Зомер, новото засилување на Баерн на голманската позиција.