Пари Сен Жермен со многу мака стигна до нова победа во францускиот шампионат славејќи со 3-1 против Нант. „Светците“ мораа да играат со играч помалку во вториот дел поради исклучувањето на Кејлор Навас. Од игра беше повлечен Нејмар, а на голот застана Серхио Рико.

Нејмар во втората минута донесе предност, но по исклучувањето на Навас во 65.минута, Нант израмни преку Коло Нуани во 76.минута.

Со среќен автогол, откако Меси сакаше да проигра, а Денис Апија сакаше да пресече, ПСЖ дојде до ново водство. Пет минути подоцна, Лионел Меси го завери триумфот на асистенција на Мбапе за конечни 3-1.

https://twitter.com/MessiMX30i/status/1462115647853371399?s=20