Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов сака да остане во Штутгарт со кој одлично ја почна новата сезона, но новинарот на „Билд“, Тоби Алтшафл објави дека Барнли испратил понуда до германскиот бундеслигаш и во моментов се водат преговори меѓу екипите.
Штутгарт за услугите на Чурлинов бара најмалку пет милиони евра, а првата понуда на Барнли била одбиена затоа што била премала, но сепак англискиот гигант овој пат понудил 3,25 милиони евра веднаш и 1,25 милиони во бонуси за Македонецот.
Интерес за услугите на македонскиот фудбалер покажа и Андерлехт во претходните денови, меѓутоа барањата на „швабите“ очигледно се превисоки во моментов за белгиската екипа.