Во потесниот избор по гласањето на тренерите и новинарите се наоѓаат Карим Бензема од Реал Мадрид, како и неговиот тимски колега Тибо Куртоа, но и ѕвездата на Манчестер сити, Кевин Де Брујне.

Во конкуренција на тренери во потесниот избор се Карло Анчелоти од Реал Мадрид, Јирген Клоп од Ливерпул и Пеп Гвардиола од Манчестер сити.

Минатата година наградата за најдобар фудбалер му припадна на италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Челси, Жоржињо.

Наградите ќе бидат доделени на 25 август во Истанбул на ждрепката за групната фаза во Лигата на шампиони.