Дефанзивецот на Валенсија Муктар Диакаби нема да го памети по добро дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид затоа што се здоби со страшна повреда по незгодниот пад на Орелиен Чуамени врз ногата на противникот.
Диакаби по повредата на социјалните мрежи кажа дека борбата за враќање на теренот ќе биде долга, а таква прогноза има и докторот Енрике Гасталди.
„Зафатени му се вкрстените лигаменти, тоа е најтешката повреда која може еден фудбалер да ја има на коленото. Најверојатно скина неколку лигаменти и кај овие повреди прво што барам е пациентот да може да се движи нормално без болки, а не зборуваме за период помал од 12 месеци. Постои огромен ризик Диакаби да не може повеќе да игра фудбал“, вели докторот.
Натпреварот заврши нерешено на „Месталја“, а финишот го одбележа контроверзна одлука на судијата кој прекина акција пред Џуд Белингам да постигне гол.