Саудискиот Ал Наср загуби од Ал Аин на гостувањето во Обединетите Арапски Емирати и мора да се признае дека добро помина со поразот од 1:0, бидејќи на домаќините им беа поништени и два гола.

Четвртфиналето во азиската Лига на шампиони ќе донесе и втора епизода во која Кристијано Роналдо и соиграчите ќе бркаат пресврт, натпревар на кој ќе се очекува и далеку поголема ефикасност од Португалецот.
Роналдо испрати пет удари кон противничкиот гол и немаше своја вечер, а доказ за тоа е и еден неуспешен дриблинг кој беше добар повод да му се потсмеваат сеирџиите.

Кристијано ја заборави топката и се издрибла самиот себеси, па тоа беше доволно за сеирџиите на социјалните мрежи да му се потсмеваат за неуспешниот потег.

Реванш четвртфиналето се игра наредниот понеделник, а дел од истото нема да биде Лапорт кој денеска заработи директен црвен картон.