Како што пишуваат медиумите во Англија, се чини дека Дени Илиев, нашиот повремен репрезентативен голман нема веќе да биде член на Арсенал.
Имено клубот од Лондон одлучил да раскине со Македонецот и тоа сега во јануарскиот предеон рок со цел да му се овозможи на Илиев да може да си пронајде соодветен клуб.
Интересно е тоа што Илиев со Арсенал има важечки договор до јуни оваа година, но нема ниту еден настап за сениорскиот тим на еден официјален меч, едноставно не доби шанса да ги искаже сите свои квалитети и постојано беше праќан на позајмица или калење.
Инаку Илиев минатата есен беше член на Серед од Словачка и тоа како позајмен играч.