Каталонскиот гигант Барселона се уште не може да излезе од магичниот круг на преоптоварениот буџет. Директорот Мату Алемани, изјави дека заминувањето на Кутињо во Астон Вила не е доволно и дека тие сè уште не можат да го регистрираат Феран Торес.
Шпанецот неодамна пристигна од Манчестер Сити, но Барселона мора дополнително да го ослободи буџетот за плата за да го регистрира.
Раководството на клубот се обидува под итно да продаде уште барем еден фудбалер. Го убедува дефанзивецот Самуел Умтити да го напушти „Камп Ноу“, но тоа веќе подолг период не делува кај самиот фудбалер. Тој би сакал да остане во Барса и покрај тоа што не добива речиси никаква шанса за настап.