Англискиот премиерлигаш Тотенхем понуди 90 милиони евра за ангажман на аргентинскиот напаѓач на Интер, Лаутаро Мартинез. Сепак, „нероаѕурите“ и самиот играч немаат намера да ја прифатат понудата.

Лаутаро Мартинез и неговиот агент во последно време потенцираат дека фудбалерот сака да остане во Интер, особено откако го обнови договорот до јуни 2026 година.

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, ќе се обиде да го убеди играчот да се пресели во Лондон, но очигледно дека тоа е осудено на пропаст.

Интер, исто така, нема намера да ја продаде својата ѕвезда од нападот, и сака да формира убиствено трио со Пауло Дибала кој треба да дојде како слободен играч и со Ромелу Лукаку како позајмен од Челси.