Ливерпул и Баерн се договорија за трансферната сума на Садио Мане. Откако ги одбија првите две понуди, „црвените“ решија да ја прифатат третата понуда.
Баварците за напаѓачот ќе платат 41 милион евра. Од 32 милиони евра се фиксна сума, 6 милиони се бонуси во однос на одиграни натпревари, а 3 милиони евра се во однос на индивидуални и тимски достигнувања.
Сенегалецот има договор со Ливерпул на уште една година, но изрази желба да го напушти „Енфилд“. Тој веќе ги договори личните услови со Баерн и ќе потпише тригодишен договор.
Разговорите денеска биле успешнo финиширани, тврди „Скај Германија“, откако претставници на Баерн Минхен предводени од спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, отпатувале во Англија каде го претставиле новиот предлог на клубот.