Баерн е недопирлив во Германија, против Волфсбург не ја доведе победата во прашање, туку неизвесноста беше со колку разлика ќе победат, а откако пола час гостите на „Алијанц Арена“ одолеваа, за 11 минути Џамал Мусиала и Томас Милер дадоа два гола за да го решат натпреварот.
Мусиала погоди во 33-та минута, па Милер во 44-та и Баерн ја заврши работата за нови три бода во првото полувреме, а потоа само формално го одработи вториот дел, тотално доминирајќи во мечот и практично не дозволувајќи противникот да им се закани.