Евра му верува на селекторот Дидие Дешамп и ги пофали напаѓачите на актуелниот светски шампион.
„Самоуверен сум, но не сум арогантен. Задоволен сум со начинот на кој играат Франција и Англија. Тоа ќе биде интересен меч, но мислам дека Франција ќе ја распарчи Англија“, кажа Евра.
Бившиот фудбалер на Манчестер јунајтед настапуваше за националниот тим од 2004 до 2016 година.